
19.04.2026 - ChongQing, China

Од Скопје до Чонгчинг.
Сè започна со едно „инстаграм" здраво, но брзо прерасна во ноемвриска прошетка низ Аеродром. Ноември како ноември, реши да ги изненади со дожд, па Иван jа испрати Елеонора до дома — веројатно најпаметниот потег што го направил некогаш.
Оттогаш, нивното секојдневие станаа прошетките низ маало, викендите на планина и една необична угостителска рамнотежа: Иван со Кока-Кола Зеро (бидејќи кафето воопшто не го привлекува), а Елеонора со својата МАЧА. Научија дека за љубов не е потребно да го пиете истиот пијалок, туку да чекорите во иста насока.
И таа насока ги одведе до Чонгчинг, Кина. Меѓу спектакуларните, запалени светла на Хонгјадонг, Иван го постави прашањето со најубавиот прекар што го споделуваат. Одговорот беше „Да", проследен со многу солзи радосници и... погодувате, дожд. Првата капка падна на Иван додека сè уште клечеше, како природата да ги потсети на нивниот прв состанок од 2019 година. Овој пат, дождот не ги испрати до дома, туку ги најави како сопруг и сопруга.


